Најмалку 10 цивили загинаа денеска во воздушни напади на пазар во јеменската провинција Сада, јавија медиумите под контрола на племето Хути.
Од локалната болница за „Ројтерс“ изјавиле дека загинале 13 лица, додека 23 се повредени во напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, што се бори со Хутите поврзани со Иран.
Саудиските власти и коалицијата не го потврдија учеството во нападите.