За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени парламентарни избори. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на протести, најави потпретседателот на опозициската партија, Александар Николовски во интервју за телевизијата Канал 5.
-Ние ќе продолжиме силно да притискаме за предвремени парламентарни избори . Предвремени парламентарни избори можат да се случат со договор кој што ние би го направиле со СДСМ и со останатите политички партии, за определување на датум. Или можат да се случат преку масовни протести на улица, додаде Николоски.