Освојувачот на 16 Грен слем титули “удри“ остро по Новак: „Неговото однесување е бизарно, жртва е на желбата да биде сакан!

Австралијанецот Тод Вудбриџ не ги штедеше критиките кон Новак Ѓоковиќ. Додека поранешниот јужноамерикански тенисер Роби Кениг го фали Новак и неговите натпевари кои ги одигрува, некогашниот австралиски играч Тод Вудбриџ “фрли камења“ по првиот тенисер на светот.

Вудбриџ јавно го поддржа ставот на Ник Кирјос кој го има за Новак Ѓоковиќ и притоа додал дека Ноле е опседнат со тоа сите да го сакаат.

„Новак е жртва на својата желба да биде сакан повеќе отколку што им дозволува на луѓето да го сакаат. Тој тоа го бара. Во полуфиналето можевте да видите како на навивачите им го покажува своето уво. Роберто Баутиста Агут одигра прекрасен поен и публиката тоа го оцени, но Ѓоковиќ сакаше аплаузот за него да биде погласен. Тоа е бизарно однеување. Тој е неверојатен играч, но не мора да оди по тој пат, да пати него да му аплаудираат погласно“ – изјавил Вудбриџ.

Вудбриџ зборувал и за финалето на Вимблдон и сето тоа што се случувало со публиката тогаш.

„Зборував со него зошто ја јаде тревата од теренот по победата за титула. Се воспоставило дека тоа е негов заштитен знак. Го освоил тој грен слем пет пати. Но, тој не славеше навистина. Тоа беше неговиот начин да им покаже на сите (во публиката) „Знаете што… Морам да славам “подиво“ за ваш инает, но сум поголем и подобар од вас“. Интересна психологија е тоа. Многу спортисти ја користат непријателски насочената публика како дополнителен извор на мотивација. Мислам дека тоа го прави и Новак.“ – изјавил Австралијанецот.

Треба да знаете
Последни објави