Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра на 38 годишна возраст реши да стави крај на професионалната кариера.
Евра кој во кариерата 81 пат го носел дресот на Франција во наредниот период ќе се школува за тренер.
„Мојата кариера е завршена. Започнав да учам за УЕФА Б лиценцата уште во 2013 година, сега сакам да го завршам тоа и да продолжам кон обивање на А-лиценца. За 18 месеци доколку се биде во ред ќе бидам подготвен да водам некој тим“, рекол Евра.
Вест Хем е последниот тим каде што настапувал Евра. Од Лондон замина во мај минатата година. Во кариерата играл и за Јувентус, Манчестер Јунајтед, Олимпик Марсеј, Монако и Ница.
Во кариерата освоил пет трофеи во Премиер лигата, три во Лига купот и по еден во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.