Техеран: Безбедноста на Персискиот залив треба да биде обезбедена исклучиво од регионалните земји

Државите од Персискиот Залив се единствено одговорни за соработката за регионалната безбедност, објави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Сејед Абас Мусави, посочувајќи го како причина за локалните тензии присуството на нерегионалните земји, пренесува иранската новинска агенција „Фарс“.

„Убедени сме дека ако е неопходно да се осигура безбедноста на регионот, Персискиот залив, овој меѓународен воден пат, нема друг начин освен со соработката на земјите од регионот”, рече Мусави.

Минатата недела, британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, предложи испраќање европски поморски безбедносни сили во Заливот за да ги осигурат поморските рути покрај брегот на Иран и на Јемен. Обединетото Кралство доби поддршка од неколку земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Италија и Данска, кои се дистанцираа од сличните американски планови изразени на средбата на министрите за одбрана на НАТО кон крајот на јуни.

САД, исто така, предложија формирање меѓународна коалиција за истата цел. Според францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив ле Дријан, Париз соработува со своите клучни сојузници во ЕУ за формирање поморска безбедносна мисија во Персискиот Залив.

Тензиите во регионот на Заливот се во пораст во текот на изминатите неколку месеци.

Треба да знаете
Последни објави