Фронтекс ја опреми Грција со цепелин за набљудување на морето

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс ја опреми грчката крајбрежна стража со специјален балон, со цел да помогне во борба против илегалната миграција и да ги зајакне операциите за потрага и спасување во источниот дел на Егејското Море, соопшти денеска грчкото Министерство за трговија и морепловство.

Цепелинот е голем 35 метри и може да достигне височина до илјада метри, а ќе биде врзан за земја на островот Самос, кој е многу блиску до турскиот брег. Ќе биде опремен со радар и термална камера и ќе може да прикаже реално време и 24-часовен надзор на морето.

Грчките власти соопштија дека од утре ќе почне неговата четиринеделна пробна работа. 

Треба да знаете
Последни објави