Ѓорчев: Престанете да терате сѐ на сила, ни треба попис според Евростат

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието им упати порака на пратениците од владејачкото мнозинство да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.

Тој побара Предлог-законот за попис да се повлече, а предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население. Неговото барање не беше ставено на гласање.

– Оваа власт треба да прекине да ги тера проектите на сила, да прекине да ги тера проектите со спротивставување на граѓаните на Република Македонија. И да не ги принудува граѓаните преку своите постапки, мислења или уверувања да им искажуваат недоверба на институциите на оваа власт на Зоран Заев – порача Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека граѓаните имаат инструменти со кои што ќе можат да искажат недоверба кон инструментите, постапките и неевропските закони на Зоран Заев.

– Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, според критериумите на Европска Унија и Обединети Нации. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој што немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Ова треба да се повлече, затоа што граѓаните на Република Македонија се масовно незадоволни од предлогот за законот за попис на население вака како што е предложен од Зоран Заев – додаде Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави