Џеко се поблиску до Интер

Рома и Интер направија компромис околу цената на трансферот за босанскиот фудбалер Един Џеко.

„Тутомеркато” наведува дека двата клуба се договорија за цена од 15 милиони евра, откако Рома бараше 20, а Интер нудеше 12 милиони.  

Италијанските медиуми наведуваат дека директорот на Интер Џузепе Марота вечерва ќе ги договори деталите со претставниците на Рома, за време на ждрепка на парови за следната сезона на Серија А.

Италијанските медиуми, исто така, наведуваат дека договорот со Џеко е постигнат одамна, според кој напаѓачот ќе добие тригодишен договор вреден 4,5 милиони евра по сезона.

Треба да знаете
Последни објави