16 – годишно момче стана милионер играјќи видео игри

16 – годишно момче стана милионер играјќи видео игри. Станува збор за Кајл ,,Буга” Гиерсдорф од Пенсилванија, САД кој го освои првото официјално Светско првенство во видео – играта Фортнајт ( Fortnite World cup) и стана милионер преку ноќ. Буга доминираше во натпреварите од првиот момент.

,,Конечно се исплатеше цело време потрошено на вежбање”, рече Кајл по натпреварот.

Тој освои 3 милиони долари на првиот масовен гејминг настан организиран од креаторите на Фиртнајт –  Епик гејмс, што се одржа на тениски терен во во Њујорк. Натпреварот беше отворен за сите играчи на мегапопуларната видео игра.

Во исто време, ова е најголемата индивидуална награда платена за еден играч во историјата на Еспортс. Квалификациите траеле подолго време, а кој се нашол на финалниот настан, дури и ако не освоилникакви поени, сепак заработил најмалку 50.000 долари.

Треба да знаете
Последни објави