За местењето судски предмети на Панчевски ќе му се суди во Велес

Апелациониот суд Скопје донесе одлука на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски да му се суди во Основниот суд Велес, бидејќи обвинетиот е судија во Основниот кривичен суд Скопје, соопшти судот. Панчевски е обвинет за Злоупотреба на службена положба и овластување за местење судски предмети.

-Апелациониот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од кривичниот суд  за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје  против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот. Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и  согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет,, информираат од Основен суд Скопје1.

Треба да знаете
Последни објави