На Флорида се појави вирус пренесуван од комарци што предизвикува смртоносен оток на мозокот 

На Флорида се појави смртоносен вирус што го пренесуваат комарците , а локалниот Оддел за здравство во Оринџ Каунти предупреди дека луѓето се изложени на зголемен ризик да заболат од оваа потенцијално фатална болест, пренесува „Брејтбарт“.

Изјавата на здравствените работници беше објавена откако неколку контролни кокошки во исто јано биле позитивни за вирусот источен коњски енцефалитис (EEE).

Тоа е инфекција која предизвикува оток на мозокот кај луѓето и може да доведе до смрт. Заразеното лице може да чувствува треска, главоболка, болки во мускулите, повраќање, дијареа, напади или дури и да падне во кома.

Центрите за контрола на болести и превенција им препорачуваат жителите и на посетителите на Флорида да користат спрејови против инсекти и да ја покријат кожата додека се на отворено.

Болестите од комарци обично ги погаѓаат земјите со тропска клима. Освен ЕЕЕ, комарците и можат да пренесат маларија, жолта треска, денга треска, Зика и други категории вируси.

Треба да знаете
Последни објави