Почна сезоната на палење на стрништа и сува трева во штипско-карбинскиот регион

Почна сезоната на пожари на отворено во штипско-карбинскиот регион. Командирот на Територијалната Противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов информира дека само во текот на вчерашниот ден пожарникарите имале шест интервенции на пожари во ниви и сува трева.

По завршување на жетвените активности земјоделците неконтролирано ги палат стрништата. Атанасов забележува дека штети во овие пожари немаат, оние граѓани, коишто ги повикуваат на 193, кога пожарникарите ќе пристигнат на лице место ги нема, со цел да ги избегнат казните.

-Во текот на минатата недела на територија на Општините Штип и Карбинци имавме  вкупно 15 пожари на ниви, сува трева и автомобил. Пожари на отворено имавме во Лакавичкиот регион, а најмногу се забележани во атарите на селата во Општиан Карбинци,  вели Атанасов.

Во текот на вчерашниот ден и светниколскиите пожарникари имале интервенции.Во олицискатастаница Свети Николе било пријавено дека околу 16.40 часа во кругот на оранжерите „Градинар” на патот  Свети Николе-Овче Поле настанал пожар.Пожарот бил локализиран во 17.55 часот  одТериторијалната противпожарна единица -Свети Николе и според првичните  проценки нема материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави