Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, изјави дека Москва има контакти со венецуелската опозиција во формат „разбирлив” за претседателот на државата Николас Мадуро, јави агенцијата Анадолија.
– Русија не се воздржува од никаков контакт бидејќи размената на информации ја смета корисна за секого, изјави Рјабков за државната новинска агенција „РИА новости” и додаде дека „постојат контакти со цел размена на информации и донесување, од прва рака, на ставови и пристапи кои веќе се разработени”.
– Но, ова не е паралелен канал, ова не е постојан дијалог, тоа е повремено, би рекол епизодна комуникација, ништо повеќе, нагласи тој.
Тој информира дека контакти меѓу Русиja и САД во врска со венецуелското прашање не се планирани, бидејќи нивните ставови се премногу различни.