Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на општина Кисела Вода, Ѓорче Петров и Зелениково.
Без струја во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците Дренак и Драга Стојановска (општина Кисела Вода), од 9 до 14 часот дел од корисниците од улицата Ѓурчин Кокале (општина Ѓорче Петров), од 10 до 15 часот корисниците од селата Зелениково и Орешани (општина Зелениково) и од 10.30 до 14 часот дел од корисниците од улицата Кнез Хатсон (општина Ѓорче Петров).