Владата даде зелено светло за нов клинички центар во Ѓорче Петров

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов универзитетски клинички центар на гринфилд-локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.

„За потребите и реализација на новиот универзитетски клинички центар на гринфилд-локацијата во општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата“, објавија од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека изградбата на нов, современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

Треба да знаете
Последни објави