Владата ќе дебатира по информацијата за спроведување ветинг на вработените во МВР

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 148-мата седница, на која ќе се дебатира за информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика на седницата ќе биде разгледана и информацијата за изградба и опремување на детска градинка во Општина Илинден.

На дневен ред се ставени информацијата за извршените инспекциски надзори за безбедност на детските играчки кои се продаваат на територијата на Република Северна Македонија за првиот квартал од 2019 година и информацијата за акцискиот план за вработување млади лица, 2016 – 2020 година.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за 148-та седница ја достави за разгледување Предлог – програмата за дополнување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави