ВМРО-ДПМНЕ: Огромно незадоволство кај граѓаните на општина Гевгелија од работата на градоначалникот Поцков

Денес сме пред локалната самоуправа заради огромното незадоволство кај граѓаните на општина Гевгелија од работата на градоначалникот Сашо Поцков.

Имено во предизборната кампања СДСМ вети еден куп проекти, но денес после 2 години од владеењето на оваа локална власт гледаме дека општината тотално стагнира и стои во место.

Додека централната власт на СДСМ е заплеткана во огромни криминали, зафатена со предавства и менување историја, локалната самоуправа во Гевгелија е во зимски сон, нефункционална на штета на граѓаните на општина Гевгелија.  Жално е што работата на општина Гевгелија и градоначалникот е во целосна стагнација. Гевгелија стагнира затоа што одминува  втората година, а нема реализирано ниту еден нов проект од оние ветените во предизборните кампања 2017-та година. Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години нема донесено ниту еден урбанистички план со што целосно е закочен развојот на Општина Гевгелија.

Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години локалната самоуправа и ЈПКД Комуналец се уште не можат да го реализираат грантот  од 2,5 милиони евра од КФ банка добиен во време на ВМРО-ДПМНЕ. Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години е преполна со туристи во летниот период, а никој од власта да се сети барем по еден флаер да добијат тие туристи за убавините кои што ги нуди на нашата општина Гевгелија. Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години приоритет на СДСМ се внатрепартиските интереси, наместо интересите на граѓаните на општина Гевгелија.  Општина Гевгелија стагнира затоа што 2 години владее хаос во ЈПКД Комуналец, а на граѓаните на општина Гевгелија не им се испорачуваат услугите

Општина Гевгелија стагнира затоа што во 2019 година е намален бројот на грчки државјани во нашата општина, а сите знаеме дека тие се главниот фактор за опстанок на приватниот сектор и економијата во Гевгелија. Господине Сашо Поцков, граѓаните на општина Гевгелија ве прашуваат:

Зарем не е срамно во најтоплиот период од годината кога луѓето почесто спортуваат и рекреираат да имаме еден куп несредени јавни зелени површини, а на пешачките патеки и на булеварот во Гевгелија гранките од дрвјата да овиснуваат до земја. Зошто спортските игралишта во Гевгелија се запустени, а прекрасниот комплекс кај касарната веќе цел месец во летната сезона е без струја. Зошто жителите на село Негорци и Прдејци годинава се соочуваат со нередовна дистрибуција на вода за пиење и намалена јавна хигиена, улиците не се чистат, тревниците не се косат, контињерите се празнат многу поретко. Зарем не е срамно граѓаните на с.Давидово за Духовден со самофинансирање да ги уредуваат гробиштата наместо ЈПКД Комуналец. Зошто граѓаните на село Моин сеуште не се приклучени на градскиот водовод.

Да ве потстиме во Моин ветивте реконструкција на мостот како приоритет на жителите на ова населено место, но брзо заборавивте и на ова ветување

Ветивте и во Богородица многу проекти, но овде главна тема е самоволието на месната заедница и нелегалната продажба на бусен од фудбалското игралиште.

Ветивте и во с. Мрзенци дека ќе го средите јавниот превоз, ветивте и во Смоквица канализациона мрежа, но од ветувањата нема ништо.

Во Милетково наследивте готов проект за изградба на нова канализациона мрежа, но заради вашата неспособност овој проект се уште не е започнат.

Господине Сашо Поцков, ветивте многу проекти, ветивте подобар живот за граѓаните на општина Гевгелија, но вие, нити изразивте волја да ги решавате проблемите, ниту покажавте способност да ја развиете Општина Гевгелија во правилна насока.

Вашата визија за општина Гевгелија се претвори во честичката ЌЕ, слично на функционерите од централната власт на СДСМ.

Пред некој ден се пофаливте со проектот регулација на Сува река, но заборавивте да кажете дека истиот е направен и добиен во време на ВМРО-ДПМНЕ и само заради вашата неспособност дури сега се започнува со негова реализација.

На крајот од денешниот прес, да ве потсетиме дека единствен проект на оваа локална власт на СДСМ е високата и нереална цена на водата за прочистување на штета на граѓаните на општина Гевгелија.  Жално но вистинито.

Треба да знаете
Последни објави