Еко герила: Сите амбасади ќе ги информирме за насилството на советникот Усеини во Охрид

Движењето Еко герила остро го осудува нападот и заканите што беа упатени вчера во Охрид кон Илjаз Илjази од страна на општинскиот советник во градската управа, Нафи Усеини, инаку член на ДУИ.

„Високо го цениме придонесот што Илjаз Илjази го дава како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива“, се наведува во соопштението на ова движење.

Во него се додава дека реакција ќе биде испратена и до меѓународните организации и амбасади, како потсета дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото.

Од Еко герила ги повикуваат Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што можеби ја имаат.

Треба да знаете
Последни објави