Захарова: Планот на Киев да лансира ТВ-канал за Крим и Донбас е лудило

Плановите на Украина да лансира светски ТВ-канал на руски јазик личи на лудило во екот на ограничувањата наметнати за употребата на рускиот јазик во земјата, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на „Фејсбук“, пренесува ТАСС.

„Тоа значи дека Киев ќе лансира канал на руски јазик за да ги убеди оние во Украина што сакаат да го заштитат своето право да зборуваат руски дека не се во право“, рече таа.

„Замислете: властите во Киев одвојуваат средства за да допрат до луѓето што зборуваат руски јазик низ целиот свет, додека во нивната земја новиот закон за јазици дозволува употреба на рускиот само како јазик за приватна комуникација и верски обреди“, рече Захарова

„Она што се случува е чисто лудило, тоа повеќе личи на библиска приказна отколку на современа ситуација“, додаде рускиот дипломат.

Претседателската администрација на Украина претходно ги објави плановите за лансирање светски ТВ-канал на руски јазик со цел да ги освои срцата и умовите на Украинците што живеат низ целиот свет, особено во Крим и Донбас.

Треба да знаете
Последни објави