Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди попладнево грчкиот остров Закинтос во Јонското море.
Никој не е повреден, ниту пак е причинета материјална штета, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.
Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.