Младиот фудбалер на Баер Леверкузен, Каи Хаверц имаше одлична сезона зад себе и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.
Фудбалерот за врска кој пред нешто повеќе од еден месец наполни 20 години, игра маестрално за Леверкузен и на 45 натпревари постигна 20 погодоци. Наводно од Баерн понудиле 90 милиони евра за неговите услуги, но на крајот Баер, но и самиот играч ја одбиле понудата.
Младиот Германец го сметаат за еден од најталентираните фудбалери, а германската легенда Лотар Матеус смета дека Хаверц би можел да ја освои Златната топка.
„Тој постави висока граница. За мене тој беше најдобриот играч на сезоната, а ако Хаверц одржи вака високо ниво, со својата леснотија, ум, присутност на теренот и постигнување на голови, би можел да стане мој наследник – светски фудбалер на годината. Може да игра и во Лигата на шампионите, а потоа веројатно ќе се пресели во голем клуб. Покажа за што е способен“, изјави Лотар Матеус.