СДСМ ја турна македонската економија на колена.
За СДСМ успешна економија е што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата.
За СДСМ успешна економија е што околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.
За СДСМ успешна економија е што втор месец по ред, градежништвото во земјава забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај.
За СДСМ е успешна економија што даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%.
За СДСМ е успешна економија што фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.
За СДСМ е успешна економија што има покачената акциза и високи цени на горивата.
За СДСМ е успешна економија што фирмите плаќаaт прогресивни даноци, а капиталните инвестиции се на дното.
Парите на граѓаните единствено се трошат на рекети и наместени тендери.
Токму затоа Зоран Заев и неговите луѓе треба веднаш да си заминат и да се распишат предвремени парламентарни избори.