Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, азилант во Будимпешта, објави статус на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, во однос на ситуацијата со многубојните скандали, кои ја тресат власта на СДСМ и Зоран Заев.
„…Па потоа ги слушам некои новинари “мртви сериозни” го прашуваат “другарот на Порошенко” која е книгата во која тој нешто таму прочитал што му ја спомна во трлефонскиот разговор на “Порошенко”, а сигурен сум дека им е јасно дека е застанат со таа работа некаде кај Зоки-Поки…
Секој втор ден нова афера, нов скандал. Ако си немаш друга работа, коментирај си.
А што да коментирам кога тие кои мене ме навредуваа и омаловажуваа, а Заев го глорифицираа и величеа, кои полудуваа од хистерија зошто Заев не ме затворил ден порано, сега јавно во медиумите кажуваат дека се чуствуваат за “глупачи” и “идиоти”(цитирано од самите нив).
Си даваат откази од медиуми, се правдаат дека не брцнале кеш во плико од рекетот, а сите знаат дека не му ја мислеле… . Или пак некои избезумено јавно бараат нивниот пулен веќе да си ја затне устата и да мисли што збори… (пак цитирано). Му држат јавно часови по историја и бараат да си оди и да не ги брука веќе, да не и штети на државата и на македонскиот народ…
Што јас да додадам на тоа…?!“, пишува Груевски.
https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157571893342716