Хамес Родригез денеска го одработи првиот тренинг со Реал Мадрид по пауза од 787 дена и две сезони минати во Баерн Минхен, а во денови кога само се очекуваше која ќе биде неговата следна дестинација, попладнево од шпанската престолнина пристигна една сензационална вест.
Истата ја пренесе угледниот мадридски весник , кој повикувајќи се на извори блиску од клубот посочи дека дошло до голем пресврт во ситуацијата на Хамес, кој наместо трансфер во Наполи и Атлетико Мадрид, ќе добие втора шанса во Реал Мадрид под водство на Зинедин Зидан. Респектабилниот медиуми извесува дека раководството на клубот денеска му пренело на Колумбиецот дека ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“, откако сосема неочекувано се отвори простор за него, особено по тешката повреда која ја заработи Марко Асенсио.
Се информира дека оваа одлука ја донел Флорентино Перез, но наводно добил зелено светло и од Зизу кој нема ништо против да работи со фудбалерот кој се обидува да ја врати својата кариера на вистинскиот пат. Со оглед на фудбалските карактеристики, Родригез максимално ќе може да одговори како замена за Асенсио во ростерот на „кралскиот клуб“, а со тоа ќе се затворат и постојаните шпекулации за негов премин во Неапол, односно Атлетико.