Германската авиокомпанија „Луфтханза” во вториот квартал од годината остварија добивка од 226 милиони евра, што е за 70 отсто помалку од истиот период минатата година, пренесе агенцијата Анадолија.
Како клучни причина за падот на профитот се неведуваат зголемените трошоци за гориво и растечката конкуренција меѓу летовите на кратки дестинации.
„Луфтханза” во соопштението, сепак, наведува дека комапнијата во вториот квартал од 2019 година ги зголемила приходите за четири отсто, а тие изнесувале 9,6 милијарди евра.
Компанијата во вториот квартал од минатата година прикажа оперативна добивка пред намалувањата за камати и данок на добивка во износ од милијарда евра, а тој износ во истиот период од оваа година опаднал за 25 отсто, па сега изнесува 754 милиони евра.
Освен зголемените трошоци за гориво, како и растечката конкуренција меѓу летовите на кратки релациии, за драстичното намалување на добивката компанијата ги наведува и високите трошоци за оддржување на моторите.