„Екогерила“: Ќе ги известиме амбасадите за нападот и заканите од страна на советникот на ДУИ

Движењето „Екогерила“ остро го осудува нападот и заканите што беа упатени вчера во Охрид кон професорот Илjаз Илjази од страна на општински советник во Охрид, Нефи Усеини, член на ДУИ. Од движењето најавуваат дека за случајот ќе ги известат меѓународните организации и амбасадите, за да ги потсетат дека еден од клучните услови за започнување преговори со ЕУ е судската реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал и владеењето на правото.

„Високо го цениме придонесот што Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина, изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива“, наведува „Екогерила“ во реакцијата.

Тие упатија и повик до Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат.

Треба да знаете
Последни објави