Индискиот парламент денеска одобри закон со кој се криминализира контроверзната практика на инстант развод, што ја практикуваат некои членови на муслиманската заедница.
Законот е донесен откако Врховниот суд во 2017 година донесе одлука дека праксата на „троен талак” е неуставна и ги крши основните права на жените. „Троен талак” е пракса која овозможува на секој муслимански маж легално да се разведе од својата сопруга, со која е доволно тој трипати да го изговори, напише на хартија или во поново време и во електронска форма зборот талак, што на арапски значи развод. Индија беше една од ретките земји каде оваа пракса се уште беше законска.