Кина и САД ги обновуваат трговските преговори

Делегации на Кина и на САД ќе се сретнат денеска и утре во Шангај за обновување на трговските преговори.

Тоа се првите тет-а-тет разговори од примирјето во трговската војна меѓу двете најголеми светски економии, кое претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг го договорија на средбата на Форумот на Г20 во Осака минатиот месец.

Очекувањата за постигнување напредок се мали. Претставници на властите и бизнисот се надеваат дека Вашингтон и Пекинг ќе успеат да ги утврдат своите ангажмани за „гестови на добра волја” и да го расчистат патот за идни преговори.

За повеќе од една година, двете најголеми економии во светот воведоа меѓусебни давачки за увозот за милијарди долари. На самитот во Осака, Трамп и Си договорија обновување на преговорите за решавање на трговските несогласувања, кои прекинаа во мај, откако Вашингтон го обвини Пекинг дека се повлекува од претходно договорените точки.

Треба да знаете
Последни објави