На француски турист му го одгризале увото среде Сплит

На француски турист му го одгризале увото среде Сплит. Како што пишуваат медиумите, непознато лице му го одгризало левото уво на 20-годишен турист од Франција, кој е полесно повреден. Откако му било повторно зашиено, тој бил пуштен дома. Полицијата трага по напаѓачот.

Сцената како од хорор филм се случила вчера наутро пред ноќен клуб во Сплит.

Вработените во ноќниот клуб откриле дека одгризаниот дел од увото бил ставен во мраз, па лекарите успеале повторно да му го сошијат.

Далмација денес дознава дека маж нападнал турист затоа што „на криво му ја погледнал девојката“. Полицијата соопшти дека на инцидентот му претходела расправија.

Полицијата трага по сторителот кој избегал по инцидентот и од секој што го видел инцидентот се бара да го пријави на 192 или лично да дојде во полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави