Многу е тешка реализицијата на доаѓањето на Нејмар во Барса, овој летен преоден рок, пишува угледниот весник „Марка”.
За ПСЖ, според истиот извор, не е проблем напуштањето на клубот на Нејмар, но тие сигурно нема да бидат среќни ако тој замине во Барселона. Затоа челниците на парискиот клуб не сакаат да преговараат со Барселона и го гледаат секој друг потенцијален купувач како некој со кого би сакале да постигнат договор.
Тука проблем претставува Нејмар кој сè уште се прашува, а инсистира да игра со Меси во Барселона.
Може да се случи целиот трансфер да пропадне доколку ПСЖ не попушти и да и овозможи на Барселона да влезе во официјалните преговори за Нејмар.