Осомничениот за убиството на осумгодишното дете, кое беше турнато под шини на станицата во Франкфурт, очигледно немал идеолошки мотиви кога минатата недела го заклучил неговото семејство и му се заканил на соседот во градот Веденсвил, во близина на Цирих, каде живеел, изјавија денеска швајцарските иследници во Цирих, пренесе ДПА.
Четириесетгодишниот Еритреец, кој сега е под психијатриска нега, до јануари работел во циришката јавна транспортна компанија, но оттогаш е на боледување, на медиумите во Цирих и соопштија од локалната полиција и обвинителство.
Православниот христијанин живеел „незабележително” до минатиот четврток, кога имал домашен инцидент во кој биле инволвирани неговата сопруга и нивните деца, на возрат од една, три и четири години, како и нивниот сосед, изјави Бруно Келер, заменик началник на полицијата во Циришкиот регион, пренесе ДПА.