Илјадници судански ученици денеска повторно излегоа на улиците на главниот град Картум и другите градови ширум земјата за да го осудат насилството на безбедносните сили кои вчера убија петмина нивни врсници, пренесоа американските медиуми.
Најмалку пет ученици вчера погинаа кога суданските сили за безбедност отворија оган врз нив додека протестираа во градот Обеид, во централната провинција Кордофан, соопштија организаторите на протестот.
Протестите ги организираа учениците од средните училишта кои се противат на воената власт во земјата и бараат брзо воспоставување цивилна власт.