Петнаесет години криела дека татко и е починат, земала 740.000 фунти пензија

Британката Етел МекГил (68) им украла на девизните обврзници 740.000 фунти (повеќе од 900.000 долари), убедувајќи ги властите дека нејзиниот починат татко е жив, објави Би Би Си.

Таа глумела деменција и инвалидност, со што направила една од најголемите измами во британското казнено законодавство. Етел по смртта на татко и продолжила да ја прима неговата воена пензија и други привилегии. Нејзиниот татко Роберт Денисон починал во 2004 година, а неговата смрт Етел успешно ја прикривала цели 15 години.

Нејзината измама ја открил Одделот за труд и пензии, кои ја снимиле како се движи без инвалидска количка. МекГил дури ја наговорила својата пријателка да учествува во измамата, глумејќи го нејзиниот починат татко при посетата на претставници од Одделот.

Таа вчера е прогласена за виновна од Кралскиот суд во Ливерпул по 14 точки од обвинението, кое вклучува измама, заговор и останато. Ја признала измамата по сите точки од обвинението и добила казна помалку од шест години затвор.

– Ова е најголем случај на измама во корист на едно лице, кој сум го водел досега, изјави Стефан Пендер од кралското Обвинителство, додавајќи дека на даночните обврзници ќе им се вратат парите според Законот за приход од криминал.

Треба да знаете
Последни објави