Пожарникар 20 часа го гаснел големиот пожар кај Шибеник, а полицијата му напишала казна за погрешно паркирање

Пожарникарите од противпожарната единица од Билица кои со други свои колеги учествуваа во гаснењето на големиот пожар на хрватското приморје кај Шибеник се пожалија дека нивниот колега Еди Микуландра, откако 20 часа поминал гасејќи го пожарот, за возврат добил необична „честитка“ од полицијата во Шибеник.

Полицијата на ветробранското стакло на неговиот автомобил му оставила налог за плаќање казна за погрешно паркирање, иако ја имал истакнато противпожарната ознака.

Под постот на пожарникарите, се пријавиле многу граѓани подготвени тие да ја платат казната наместо пожарникарот.

Треба да знаете
Последни објави