Кај „Супер Тинекс” – Годел, на ул. „Перо Наков” во Скопје, денеска ќе биде отворен штанд на проектот „Мој ДДВ”, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ.
Во промотивната кампања, која Управата за јавни приходи (УЈП) ја реализираше за мерката „Мој ДДВ” денеска ќе се вклучи и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.