САД ја повикаа Германија да земе учество во мисијата во Ормутскиот теснец

САД и официјално ја повикаа Германија ,покрај Велика Британија и Франција, да земе учество во обезбедувањето на трговските активности во Ормутскиот теснец, соопшти американската амбасада во Берлин.

-Официјално ја повикавме Германија да им се придружи на Франција и Велика Британија во обезбдувањето на Ормутскиот теснец и борбата против иранската агресија, изјави портпаролката на амбасадата Тамара Сернберг-Грелер.

„Членовите на германската Влада јасно кажаа дека слободната пловидба мора да биде обезбедена, рече Сернгерг-Грелер, додавајќи „прашањето е кој ќе ја обезбеди”.

Иранското запленување на бродот „Стена Имперо’ што пловеше под британско знаме, и на панамскиот „МТ Риах” во Орумтскиот теснец, стратешката маршрута меѓу Иран и Оман, ја поттикна Велика Британија да предложи почнување поморска безбедносна операција во регионот.

Треба да знаете
Последни објави