Убиени двајца американски војници во Авганистан

Двајца американски војници настрадаа во Авганистан, соопшти командата на НАТО, додавајќи дека војниците биле убиени за време на акција, не наведувајќи повеќе детали.

Вкупно 12 американски војници настрадаа во судирите во Авганистан од почетокот на годинава, додека САД се обидуваат да поттикнат директни преговори меѓу авганистанските власти и талибанските бунтовници.

Околу 2.300 американски војници погинаа и повеќе од 20.400 се ранети во Авганистан од 2001 година.

Треба да знаете
Последни објави