Адеми: Секој денар вратен кај граѓаните е важен

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска ја промовираше кампањата „Мој ДДВ“. Во рамки на настанот, тој подвлече дека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е корисна мерка за сите граѓани кои секојдневно купуваат. Според министерот големата интересираност кај граѓаните за проектот ‘Мој ДДВ’ придонесува во намалувањето на сивата економија.

„Ме радува фактот што секојдневно гледам се’ поголем број на граѓани се приклучуваат во овој проект, односно ги скенираат своите фискални сметки. Бројот од над 6 и пол милиони скенирани фискални сметки говори за успешноста на МојДДВ.
Во оваа прилика сакам да истакнам дека оваа мерка можат да ја користат и нашите сонародници од дијаспората при нивниот престој во матичната земја, односно овде во Република Северна Македонија. За нашата дијаспора важат буквално истите услови како и за сите државјани на Република Северна Македонија“, истакна министерот Адеми.

Тој е дециден дека секој денар вратен кај граѓаните е важен.

Треба да знаете
Последни објави