Американец понел на пат сувенир од Кувајт – ракетен фрлач

Обезбедувањето на американски аеродром во близина на Вашингтон пронашло ракетен фрлач во куферот на еден патник, кој тврдел дека станува збор за „сувенир од Кувајт“.

Ракетни фрлачи бил конфискуван на меѓународниот аеродром Балтимор-Вашингтон, кој се наоѓа на еден час од главниот град на САД, соопшти портпаролката на Федералната агенција на САД за безбедност во сообраќајот (ТСА).

Сопственикот на трофејниот фрлач, кој е од Тексас, изјавил дека го донел сувенир од Кувајт.
,,Можеби наместо тоа требал да одбере приврзок за клучеви”, додаде портпаролката на Твитер.

Според федералната агенција, човекот им објаснил на властите дека е војник по професија.

„За среќа, предметот не е исправен, но сепак беше конфискуван и предаден на пожарникарите“, се вели во соопштението на ТСА.

На сопственикот му било дозволено да го продолжи патувањето. Според објавените фотографии, се чини дека станува збор за ракетен фрлач ,,Грифин”, „прецизно оружје коешто предизвикува помала колатерална штета“.

Треба да знаете
Последни објави