Грабар-Китаровиќ: Бих е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за време на посетата на Израел изјави дека Босна и Херцеговина е нестабилна земја под контрола на милитантниот ислам, јави хрватскиот портал Индекс.

За време на средбата со израелскиот колега Рувин Ривлин, Грабар-Китаровиќ изјавила дека нејзината земја трпи поради мигрантскиот проблем, за кој вели дека не е налик на проблемот во поголемиот дел од Европа. Таа истакна дека разликува мигранти од бегалци, дополнувајќи дека Хрватска е подготвена да пружи азил на бегалците, но дека мигрантите кои бараат подобар начин на живот мора да ги почитуваат меѓународните граници. Таа посочи дека мигрантите не сакаат да останат во Хрватска, туку се обидуваат да стасаат до Германија.

Иако речиси сите тврдат дека се сириски бегалци, тие всушност се африкански или пакистански мигранти, кои се обидуваат да се пробијат преку границата во БиХ, за која Грабар-Китаровиќ вели дека е нестабилна земја и оти во одредена смисла ја презеле луѓе поврзани со Иран и со терористички организации. – Таа земја денес е под контрола на милитантниот ислам, кој е доминантен во одредувањето ставови, истакна Грабар-Китаровиќ, додавајќи дека некои се многу насилсни луѓе кои провалуваат во туѓи домови. Проблемот е во тоа што бегалците се занемаруваат, ја пренесува „Ерусалим пост” изјавата на Грабар-Китаровиќ.

Треба да знаете
Последни објави