Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Facebook пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон Премиерот на Република Северна Македонија.