Од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река,општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 36 верници, што е за 10 верници повеќе споредно со минатата година.
-Нашето муфтиство ги презеде сите неопходни активности за непречено заминување во светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот. Верниците кои се пријавија ги минаа потребнте лекарски прегледи, а ја примија и потребната вакцина, изјави за МИА, хаџи рамазан ефенди Хаса, дебарски муфтија.
Вернициите од овој регион за Саудска Арабија тргнуваат вечерва од Дебар кога среќен пат и примање од Бога на сите молтви ќе им посакаат најблските роднини и пријатели. Потоа заедно со други верници од земјава, патот го подолжуваат од скопскиот аеродром.