Француските власти синоќа побараа брзо ослободување на рускиот опозиционер и противникот на Кремљ, Алексеј Навални, кој беше уапсен неодамна во Москва и изразија загриженост за неодамнешните случувања во Русија.
,,Се случија голем број апсења и притворања последниве денови во Москва по мирните демонстрации. Здравствената состојба на Алексеј Навални, кој е во затвор од 23 јули, се влоши и ние бараме негово брзо ослободување и изразуваме длабока загриженост за последните настани”, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
Навални вчера беше итно хоспитализиран поради силна алергиска реакција во притворот.Неговиот портпарол подоцна изјави дека неговата состојба е добра, додека се појавија шпекулации дека можеби е затруен.Групата која ги следи апсењата на протестите соопшти дека околу 1.400 демонстранти се приведени за време и по неодамнешните протести во Москва.