Четворица се повредени во судир на два автомобили, ноќеска во Гостивар, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 4 часот на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со улицата ЈНА.
Тогаш автомобил „фолксфаген ЕОС” со германски регистарски ознаки, управуван И.С.(27) од гостиварско Дебреше и „фолксфаген голф” што го управувал Х.С. (19) од Здуње.
Возачот на „ЕОС” бил тешко повреден, а возачот на „голфот” и сопатниците Ј.Б.( 40 ) и Ф.Б.( 50 ) од Здуње со лесни повреди се пренесени се во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Извршен е увид.