Во текот на масовната акција за генерално чистење на скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје отстрани вкупно 200 кубни метри отпад од диви депонии.
Во рамките на акцијата се спроведоа активности за рачно и машинско метење, како и миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, а ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во девет скопски општини постави специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните одложија 135 кубни метри отпад составен од стар мебел, електрична и електронска опрема.
Претпријатието реализираше едукативни разговори со граѓаните за проблемите со неправилното одлагање на отпадот и ги информираше за можноста во текот на целата година својот кабаст отпад без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.