Миле Талевски, претседател на ОО Прилеп реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, која обвини дека функционери од редовите на СДСМ, вклучително и тој, вршеле притисок врз администрацијата да гласа за Стево Пендаровски.
-Дозволете во интерес на вистината, да изнесам неколку факти поврзани со денешната таканаречена петарда, која ВМРО-ДПМНЕ си ја испука во сопствената рака, ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски. Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата. Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања.Повторувам, Јас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време. Тоа е сосем спротивно од времињата на мвро-вмро, кога во институциите се држеа партиски состаноци и се малтретираа вработените, рече Талевски.
Тој истакнува дека на снимката јасно се слуша дека ги повикува членовите на СДСМ, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон, професионално, чесно, без најмала доза на ароганција, и сето тоа во интерес на граѓаните.
-Јасно велам “не барам да се прави ништо незаконско”. Во инструкциите кон партиските членови нема ништо негативно, насочено ниту против граѓаните воопшто, ниту против нивни-колеги од други политички опции. Напротив, се бара од оние што се вработени во институциите, а се партиски членови, да покажат, пристојно, достоинствено однесување, поголема достапност и да им се излезе во пресрет најмногу на барањата граѓаните. Во насоките за партискиот ангажман во ниту еден момент не се спомнува активност во работно време, или користење на институциите за партиски активности и нивна злоупотреба за такви цели.
За разлика од нас, таквите пораки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ, како што впрочем целата македонска јавност слушна како Координаторт на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески на партиски состанок оддржан во прилепската болница во која тој беше директор, им се заканува на вработените и им вели, цитирам: „Никој овде не е вработен од што е многу способен, туку од што е партиски член”. ВМРО-ДПМНЕ лажно тврди дека јас експлицитно им кажувам на вработените дека во текот на изборите наместо на работата за која се платени во болницитe ќе треба да се посветат на партијата. Напротив, им кажувам да се однесуваат „максимално професионално и одговорно на нивните места”, им кажувам „Немојте да се однесувате во институцијата пред се непрофесионално и арогантно. На снимката нема ниту збор за уцени, закани, или било какви условување по работно место. Тоа од мене и од СДСМ никогаш и никаде ниту било кажано, ниту некогаш ќе го слушнете. Тоа не беше случај со ВМРО-ДПМНЕ во чии разговори слушнавме како се закануваат со ендеци, хилти, пиштење – вриштење, палење ресторани. Потенцирам уште еднаш, на снимката јасно потенцирам дека од партиските членови не барам да прават ништо незаконско, за разлика од претходната власт која на избори праќаше насилници од МВР, која рекетираше фирми, зборуваше за влечење гласачи за уши и врат, рече Талески.