Во зграда што се реновира во населбата Ексархија во центарот на Атина утрово била пронајдена рачна бомба од Втората светска војна, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, на местото веднаш пристигнале пиротехничари од секторот за отстранување на експлозивни механизми, а рачната бомба ќе ја преземе грчката војска, јави дописничката на МИА од Атина.