Србија: Најавени нови состаноци на власта и опозицијата за изборите, одреден е и список на теми

Фондот за отворено општество и Факултетот за политички науки (ФПН) во Белград најавија дека ќе продолжат да организираат состаноци на претставници на власта и опозицијата за изборите и дека темите на претстојните разговори ќе бидат финансирање на кампањата, пристап до медиумите, избирачкиот список и изборната администрација, како и обезбедувањето право на глас на сите граѓани.

Во изјавата, потпишана од извршниот директор на Фондот Отворено општество Милан Антонијевиќ и деканот на ФПН, Драган Симиќ, се наведува дека првата, воведна тркалезна маса, одржана вчера, на учесниците им понудила анализа на изборниот процес со проблеми кои треба да се решат, почитувајќи го принципот да изборниот процес не се менува во изборната година.

-Претставници на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) и Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) ги презентираа своите анализи и предложија серија прашања во изборниот процес кои можат да бидат решени или да се санираат на краток рок (до следните избори), како и проблемите кои налагаат големи системски интервенции и кои доаѓаат на дневен ред по одржување на следните избори , се наведува во соопштението.

Фондот отворено општество и ФПН во вторникот организираа состанок на владини и опозициски претставници на кој е започнат иницијативен дијалог за изборните прашања.

Во соопштението се додава дека на долг рок ваквиот дијалог може да придонесе за трајно отстранување на проблемите во изборниот систем преку сеопфатна реформа и восопставување на неговиот интегритет.

-Ова ќе ја зајакне легитимноста на демократската власт и ќе ја зајакне довербата на граѓаните во институциите и демократскиот поредок, се додава во соопштенеито.

Тркалезните маси се замислени како модерирани дебати без присуство на медиумите, по примената на правилата за Четам хаус, според кои учесниците во дебатата нема да ја откријат на јавноста содржината на изјавите на другите учесници.

Во соопштенеито се додава дека на учество во дијалогот се повикани претставници на релевантни политички партии, граѓански организации вклучени во изборите и експерти од факултети и институти кои се занимаваат со темата.

Организаторот изјави дека ги поканил: Небојша Стефановиќ, Владимир Ѓукановиќ, Владимир Орлиќ и Владанка Маловиќ од Српската напредна партија, потоа претставниците на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас и Мариника Тепиќ, Зоран Лутовац од Демократската партија, Мирослав Алексиќ од Народната партија, Александар Ивановиќ од Социјалдемократската странка, Арис Мовсесијан од Новата партија и Небојша Зеловиќ од Заедно за Србија.

Исто така поканети се и Кенан Хајдаревиќ од Либерално-демократската партија, Петар Милетиќ од Движењето за слободни граѓани, Бранимир Јовановиќ и Јасмина Каранац од Социјалдемократската партија на Србија, Томислав Зигманов од Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина, Стефан Аксовиќ од Двери, Ахмедин Скриr и Мирза Хајдиновиќ од СДА и преставници на ФПН и невладини организации.

Премиерката Ана Брнабиќ, во врска со иницијативниот дијалог меѓу власта и опозицијата изјави за ТВ Прва дека не би сакала да биде на некој од идните состаноци на власта и опозицијата, но ако мора, ќе оди.

Запрашана да го коментира вчерашниот состанок на преставниците на власта и на опозицијата на ФПН зад затворени врати, Брнабиќ изјави дека според нејзиното мислење, таа средба не била особено важна или релевантна за 90 проценти од српските граѓани

Треба да знаете
Последни објави