СВЕТЈапонија: Маскота во забавен парк почина играјќи во костум тежок 16 килограмиОбјавено пред 16 минути – 31 јули, 2019Од Макфакс
Маскота во забавен парк во Јапонија почина играјќи во костум тежок 16 килограми. Јохеи Јамагучи, кој бил во улога на маскота на еден забавен парк во Осака, Јапонија, починал во неделата откако играл облечен во костумот повеќе од 20 минути.
Тој работел како хонорарен работник во паркот Хираката, каде температурите достигнале до 33,2 степени Целзиусови во неделата. 28-годишниот работник, наводно, се онесвестил откако танцувал 20 минути за време на пробата облечен во костимот.
Паркот Хираката ги откажал сите настани во кои се вклучени маскоти со слични костуми закажани за летото како одговор на трагедијата.