На 30.07.2019 во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селоЉубаништа, охридско паднал параглајдерист.
Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.
Американецот со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.